Македонија
27. January 2024 - 14:56

Приведен Косовец кој приложил туѓа лична карта на Долно Блаце

Денеска (27.01.2024) во 01.40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на влез во државата бил приведен С.М. (39) од Косово затоа што при контрола приложил туѓа лична карта.

Тој бил приведен од полициски службеници, а по насоки од судија од Основен кривичен суд Скопје тој бил пренесен во Прифатниот центар за странци-Скопје, соопшти МВР.