Македонија
2. May 2021 - 17:21

Приведен 23 годишен скопјанец кај кој била пронајдена марихуана

Утринава во 05 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, го приведоа Б.М.(23) од Скопје, соопштуваат од МВР.

При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е марихуана и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик.