Македонија
24. October 2021 - 11:23

Приведен 19-годишник во Куманово, во домот му била пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 09.30 часот на улица „Стево Филиповиќ“ во Куманово,  го лишиле од слобода К.Г.(19) од Куманово, соопштија од МВР.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис, саксија со растението канабис, информираат од МВР и додаваат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.