Македонија
1. February 2025 - 16:31

Во Охрид засилено се гради

Во Охрид  буквално низ сите населби се градат нови згради, а несовесните изведувачи  окупираат јавни површини и го отежнуваат движењето на пешаците,  па дури и одвивањето на нормалниот сообраќај. Советниците од опозицијата реагираат дека најгорлив проблем е што оштетените тротоари и сообраќјаници по завршување на градбата не се враќаат во првобитна состојба. 

Од локалната пак на став дека редовно се врши инспекциски надзор над изградбата на објектите во градот.

Секретарот на општината, Александар Китески дециден е дека кај сите оние кои не се придржувале на правилата за време на градењето од страна на градежните инспектори даден рок на изведувачите  оштетувањата на јавната провршина да ги санираат.