Приносите кај житните култури во Дебарско повисоки од лани
На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа годинава добиени се повисоки приноси по единица хектар кај пченицата, јачменот и житната култура тритикале (вид пченица за добиток).
Ова го тврди Лири Делиши, началник на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанставо.
- Како и изминатите години, најзастапен е пролетниот јачмен и тоа на 350 хекатри. Кај оваа култура просечниот принос изнесува 2.800 килограми по хектар. Веднаш зад јачменот е пченицата, со 190 хекатри, каде просечниот принос е околу 3 илјади килограми по хектар. Исто така, ожнеани се и 100 хектари со житната култура „тритикале“ вид пченица за добиток, каде приносите се во просек 3.500 килограми, -изјави Делиши.
Според него, овие житни култури застапени се на 640 хектари што е за 40 хектари повеќе споредено со лани. Од вкупно засеаните површини над 80 отсто се во општина Дебар.
Зголемувањето на површините засеани со житни култури, оценува Делиши, е резултат, пред се, на субвениците кои ги дава Владата.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови