-->
-->
Пријавено е во полиција, цвеќињата не смеат да се земаат при промена, вели директорот на ЈП Комуналец Битола
-->
Откако Јавното претпријатие „Комуналец“ поднесе пријава, полицијата ќе трага по битолчаните кои крадеа љубичици од цветната леа пред Безистенот во градот.
Вчера, на социјалните мрежи беа објавени фотографаии на кои се гледа како четворица битолчани полнат кеси со цвеќињата што вработени од „Комуналец“ ги извадија од леите за да направат промена на расадот.
Тоа предизвика критики, некои обвинуваа дека се работи за кражба, а други дека им било дозволено од вработените да земат од цвеќињата.
Директорот на „Комуналец“ Панде Богоевски објасни дека од претприетието никому не дозволиле да зема од цвеќињата.
Цветниот расад е наша грижа и обврска и ни на крај на памет не ни е да дозволиме некој тоа да го прави. Ние постапуваме во рамките на законските надлежности. Случајот е пријавен евидентиран во МВР, па понатаму нека се постапува. Не може да се дозволи да се земат цвеќињата ни кога се врши сезонски промена на садниците. Ние тие садници што ги вадиме ги користиме за други места каде правиме пилот можности и проекти за разубавување. Ова беше вандалски чин, среќа не ни го оштетија системот за наводнување – изјави Богоевски.
И претходно се случувале кражби на цвеќиња, но не вака групно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола