При крај изградбата на повеќенаменско игралиште во Конопница
Изградбата на мултифункционалниот спортски терен во кривопаланечкотo село Конопница е во завршна фаза, информира општина Крива Паланка.
Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, рече дека ова е второ повеќенаменско игралиште во Крива Паланка кое се гради во рамки на проектот на Агенција за млади и спорт „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта во Mакедонија“.
- Населбата има голем број жители, има и голем број млади луѓе, а од овде луѓето многу ретко се иселуваат. Mногу е важно да имаат објект каде ќе спортуваат и ќе се рекреираат, ќе го користат полезно слободното време и ќе се дружат, изјави Алексовски.
Посочи дека поради заштита на теренот и избегнување на какви било понатамошни оштетувања било неопходно да се изврши регулација на долот во месноста Боголожин дол, за што се иневстирани 2,5 милиони денари.
- Овој дол во должина од 350 метри е во непосредна близина на спортскиот терен, извршена е регулација на иститот со средства издвоени од Министерството за животна средина и просторно планирање, околу 1,5 милиони денари и дополнителни милион денари од општинскиот буџет, додаде Алексовски.
Динамиката на градба ќе се одвива согласно временските услови и се очекува наскоро изградбата да заврши.
Првото повеќенаменско игралиште во општина Крива Паланка во рамки на проектот на Агенцијата за спорт и млади „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта во Mакедонија“ беше изградено во 2014 година и се наоѓа во склоп на спортскиот комплекс каде АСМ вложи во изградба на нова спортска сала и тениско игралиште изградени 2013 година.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници
-
Сe уште неотворена вандализирана нова градинка во Бутел | ФОТО
-
Без вода делови од Чаир
-
Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи таткото на Вања
-
Плаколм: На Северна Македонија треба да и се овозможи пристап до програмите на ЕУ
-
Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините
-
Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен