Презентација на програмата „Еразмус плус“ во Стопанската комора на Македонија
Во рамки на караванот за презентација на програмата „Еразмус плус“ што го организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска во Стопанска комора на Македонија ќе се одржи работилница на која претставници на компаниите – членки на СКМ, подетално ќе се запознаат со програмата.
Целите и конкретните можности што ги нуди програмата „Еразмус плус“ ќе ги образложи директорот на Националната агенција за европски образовни политики и мобилност, Дарко Димитров, а за придобивките од оваа програма за компаниите ќе говори Јадранка Аризанковска – Виш советник во Стопанска комора на Македонија.
Во рамки на програмата „Еразмус плус“ ќе бидат доделени 4,7 милиони евра во форма на стипендии наменети за јакнење на знаењата и вештините кај младите, имплементирање нови образовни методи и техники, како и можности за стекнување работно искуство во странство.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања