Македонија
6. November 2015 - 9:36

Презентација на програмата „Еразмус плус“ во Стопанската комора на Македонија

Во рамки на караванот за презентација на програмата „Еразмус плус“ што го организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска во Стопанска комора на Македонија ќе се одржи работилница на која претставници на компаниите – членки на СКМ, подетално ќе се запознаат со програмата.

Целите и конкретните можности што ги нуди програмата „Еразмус плус“ ќе ги образложи директорот на Националната агенција за европски образовни политики и мобилност, Дарко Димитров, а за придобивките од оваа програма за компаниите ќе говори Јадранка Аризанковска – Виш советник во Стопанска комора на Македонија.

Во рамки на програмата „Еразмус плус“ ќе бидат доделени 4,7 милиони евра во форма на стипендии наменети за јакнење на знаењата и вештините кај младите, имплементирање нови образовни методи и техники, како и можности за стекнување работно искуство во странство.