Преубавата актерка и ѕвезда ги налути фановите за Ноќта на вештерките
Преубвата актерка и ѕвезда на серијата „Слатки мали лажливки“, Ешли Бенсон се најде на удар на критики на најзините фанови поради костимот што го одбра за Ноќта на вештерките.
Сликата на костимот, што самата го нарече „Лавот Сесил“, Ешли ја објави на нејзиниот Инстаграм профил и веднаш налути дел од фановите кои под фотографијата почнаа да оставаат гневни коментари.
- Како можеш да се потсмеваш со едно животно?, е еден од низата коментари.
Да потсетиме, лавот Сесил неодамна беше брутално убиен од страна на стоматологот Валтер Палмер во националниот парк Хвагане во Зимбабве. Палмер, чие хоби е ловот, тврди дека не знаел оти Сесил бил главна атракција на Хвагане, но јавноста се крена на нозе, барајќи соодветна казна за него.
По гневните реакции Ешли го смени името на костимот нарекувајќи го само „Лав“, но штетата веќе беше направена.
Компанијата што го изработила костимот навистина продава костими на лавот Сесил, кои се разликуваат од оној што Ешли го носи на фотографијата. Според компанијата, 20 отсто од средствата од продажбата на костимот на лавот Сесил, ќе бидат донирани за заштита на дивите животни.
Актерката официјално се уште не се огласи во врска со овој инцидент.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш