Претседателот Пендаровски и неговиот Кабинет останаа без јануарска плата
Во врска со прашањата од медиумите упатени до нашата институција, потврдуваме дека платата за месец јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.
Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано.
Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5% на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии.
Барањето за финансиски средства за плата за месец јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при Претседател на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален