Претседателот Иванов домаќин на претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во понеделник ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во посета на државата, потврдуваат за МИА од Кабинетот на Претседателот.
Посетата на Туск на Македонија е во рамки на негова регионална турнеја, посветена на состојбите со мигрантската и бегалската криза и примената на сеопфатното европско решение.
Освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, велат од кабинетот на шефот на државата, Иванов ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.
Посетата на Македонија на првиот човек на ЕУ се реализира во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, како и во контекст на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите. Најавите од страна на турскиот претседател Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа, пред се, за балканските држави, што е причина за алармирање на Европската Унија.
Ова е трета посета за две години на Туск на Република Македонија. На последната средба во март 2016 година, Туск и претседателот Иванов дискутираа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија и беше дециден дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка