Свет
28. September 2017 - 11:23

Над 122.000 лица евакуирани на Бали поради страв од вулканска ерупција

Бројот на лица евакуирани од индонезискиот остров Бали, каде се очекува вулканска ерупција, се искачи на 122.000.

Со денови околу вулканот Агунг се забележуваат потреси кои укажуваат на искачување на магма и можна ерупција.

Индонезиските власти ја проширија зоната за евакуирање на 12 километри околу вулканот, и ги извлекуваат жителите на околните села. Серија ерупции на истиот вуклан во 1963 и 1964 година предизвикаа 1.700 жртви.