Македонија
6. July 2017 - 12:42

Претепан кумановец, напаѓачите завршија во полициска станица

Вчера околу 16,10 часот во Куманово на ул.„Трета Македонска Бригада“, поради меѓусебно недоразбирање во сообраќај, Ф.Л.(38) од с.Лојане-кумановско, ХХ.(49) од с.Ваксинце- кумановско и уште едно лице, кои се превезувале во патничко моторно возило, физички го нападнале М.О.

По нападот, на истиот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар- Куманово, каде му биле констатирани телесни повреди. 

За настанот бил запознат Јавен обвинител, а по превземени мерки од страна на СВР-Куманово Ф.Л. и Х.Х. биле пронајдени и приведени во полициска станица и со истите бил извршен разговор. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.