Премиерот Заев се сретна со холандскиот амбасадор Пломп
Премиерот Зоран Заев денеска во Владата на Република Македонија оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.
Владината прес-служба соопшти дека амбасадорот Пломп доставил до премиерот Заев честитка од холандскиот премиер Марк Руте за неговото стапување на должноста претседател на македонската Влада и изразил задоволство од изборот на новата Влада и нејзината реформска посветеност.
- Владата работи активно на Итните реформски приоритети што ги отвораат евро-атлантските интеграции на Македонија, но коишто ќе придонесат и кон подигнување на квалитетот на живот на граѓаните и економски развој, истакнал премиерот Заев на средбата.
Тој најавил инклузивни политики во државата, со активна вклученост на граѓанското општество и на опозицијата, како и подобрување на добрососедските односи, со што, како што се вели во соопштението, новата Влада покажува поинаков, одговорен начин на решавање на потребите и проблемите на граѓаните, низ почитување на европските демократски вредности.
- Очекуваме тоа да придонесе Република Македонија на есен да добие чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ и отворање на вратите за членство во НАТО, нагласил премиерот Заев.
Амбасадорот Пломп оценил дека постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада во првиот месец од формирањето и изразил уверување дека таквиот начин на работа ги отвора перспективите на Република Македонија и на нејзините граѓани.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки