Премиерот на Северна Ирска, Питер Робинсон, поднесе оставка
Премиерот на Северна Ирска, Питер Робинсон, денеска поднесе оставка во коалициската Влада на протестанти и католици заради политичката криза во земјата, пренесе Би-Би-Си.
Робинсон од својата колешка од Демократската унионистичка партија (ДУП) Арлин Фостер побара да ја преземе функцијата вршител на должноста премиер, а со исклучок на неа, сите министри од оваа партија ги потпишаа оставките.
Кризата беше поттикната од минатомесечното убиство на поранешниот член на Ирската републиканска армија (ИРА), Кевин Мекгиган Постариот во Белфаст и проценката на полицијата дека членови на ИРА се вмешани во аферата.
Политичките тензии ексалираа во средата, кога полицијата во рамки на истрагата за убиството уапси еден член на Шин Фејн.
Претседателот на оваа партија во Северна Ирска, Боби Стори, и натаму се наоѓа на испитување.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина