Премиер лига: Вајналдум го реши последното дерби во 2016
Со голот на Џорџињо Вајналдум постигнат во 8.минута, екипата на Ливерпул оствари минимална победа од 1:0 над Манчестер Сити вчеравечер во дербито на 19.коло на Англиското фудбалско првенство.
Натпреварот одигран на „Енфилд“ помина без многу шанси за гол и со борбена игра. Гостите од Манчестер во вториот дел се обидоа да го избегнат поразот, но Ливерпул добро се бранеше и на крајот успеа со три освоени бода да ја заврши 2016 година на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Челзи.
Резултати на досега завршените натпревари од 19.коло во Премиер лигата:
Хал – Евертон 2:2,
Свонси – Бурнемут 0:3,
Саутемптон – ВБА 1:2,
Манчестер Јунајтед – Мидлсброу 2:1,
Лестер – Вест Хем 1:0,
Челзи – Стоук 4:2,
Барнли – Сандерленд 4:1 и
Ливерпул – Манчестер Сити 1:0.
Денеска на првиот ден на новата 2017 година, од 14:30 часот ќе играат Вотфорд – Тотенхем, додека дуелот Арсенал – Кристал Палас ќе започне во терминот од 17 часот.
Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 43, Манчестер Сити 39, Арсенал 37, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 36, Евертон 27,...
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица