Бизнис
21. July 2015 - 17:32

Преку проектот „Македонија вработува“ ангажирани 300 лица во охридско струшкиот регион

Проектот Македонија вработува вродува со плод,во охридско струшкиот регион за два и пол месеци вработени се 301 лице , на ниво на Струга досега се вработени  124 додека пак во Охрид 167 лица. Целта на  овој проект е придвижувањето на економијата, забрзано отварање и создавање на нови работни места кои ќе им помогнат на илјадници невработени лица, од различна возраст и со различен статус да се вработат.

Со големите странски инвестиции од автомобилската индустрија како што се ОДВ Електрик и Костал ќе се вработат 2250 граѓани на охридско струшкиот регион.

Според податоците во 2006 година бројот на невработени изнесува 38 посто сега 26 посто од населението е невработено.