Прекината 66. седница поради немање кворум за усвојување на дневниот ред
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина 66.седница, чиј дневен ред не беше усвоен поради немање кворум. Тој рече дека за продолжението на седницата пратениците дополнително ќе бидат информирани.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија собраниската седница, затоа што не беше усвоен нивниот предлог од дневниот ред да се симне предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за избор на претседател, заменик на претседателог, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието. Седницата ја напуштија и двајцата пратеници на Левица, бидејќи не беа усвоени некои од нивните барања, а кои се однесуваа на тоа дека на дневен ред треба да бидат доставени предлог-измените на Кривичниот законик, кој е поднесен на 21 јули 2021 година.
– За измените на дневниот ред гласаа 59 пратеници, а за одлучување потребно е да има кворум, минимум треба да има 61 пратеник, но во моментот на гласањето на дневниот ред немаше кворум. Дневниот ред не е усвоен за оваа седница, ја прекинувам работата по оваа седница и за продолжувањето ќе бидете дополнително известени. Оваа седница беше свикана пред 10 дена. На еден пратеник од опозицијата и двајца од мнозинството им беше дозволено да одат во делегација за претставување на Собранието во европските институции. Од 64 пратеници двајца се знаеше со причина дека нема да бидат на седница. На седницата двајца пратеници од мнозинството без образложение не се во Собранието, не се пријавени. За жал еден од пратениците поради здравствени причини не е присутен, рече Џафери.
Освен за Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателог, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, на седницата требаше да се расправа и за предлог-законите за изменување на законот за Собранието, за платежни услуги и платни системи, за квалитетот на земјоделски производи, за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување по скратена постапка, за спречување перење пари и финансирање на тероризам во прво читање
Џафери најави дека во текот на денот ќе има продолжение на други седници.
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија