Loading Video...
Свет
16. January 2025 - 12:35

Преглед на вестите од светот

Израел ги интензивираше нападите врз Газа и покрај најавата дека е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците, што треба да стапи на сила во недела.

Израелските напади продолжија во текот на ноќта и рано утринава, при што загинаа најмалку 46 Палестинци, пренесува Ројтерс. Израел и Хамас постигнаа договор да запрат борбите во Газа и да почне размена на израелски заложници за палестински затвореници. Договорот следи по неколкумесечни преговори со посредство на египетски и катарски посредници, со поддршка на САД, а дојде непосредно пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател доналд трамп на 20 јануари.

Џо Бајден во своето проштално обраќање како претседател на САД во заминување предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет. Во обраќањето од Белата куќа Бајден упати низа предупредувања за политиките на новиот претседате, зборуваше за дезинформациите на социјалните мрежи, се осврна и на климатските промени. Го сумираше работењето на неговата администрација и го оцени како многу успешно бидејќи успеале да отворат рекорден број нови работни места, се инвестирало многу во инфраструктурата, здравството. 

,,Сакам да ја предупредам земјата на некои работи што ме загрижуваат. Ова е опасно... тоа е опасната концентрација на моќта во рацете на многу малку ултра богати луѓе. демократијата, нашите основни права и слободи и фер шут за сите да напредуваат. Денес во Америка се обликува олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, што се заканува на нашата демократија и нашите основни права и слободи. Овој ултрабогат технолошко-индустриски комплекс би можел да има неконтролирана моќ над Американците. Ќе треба време за да се почувствува целосното влијание на она што сме го направиле заедно, но семињата се посадени и ќе растат и цветаат во следните децении. Сега е ваш ред да чувате стража. Нека сите бидете чувар на пламенот''.

Напредува борбата против шумските пожари кои дивеат веќе една недела во Лос Анџелес. 

Според последните информации кои ги споделија противпожарните служби, речиси 50 отсто е локализиран пожарот во близина на Пасадена, кој одзеде 17 животи.
Вкупниот број на жртви од пожарите во Калифорнија се искачи на 25.

Временската прогноза за следните неколку дена, влева надеж дека со слабеењето на силата на ветерот и очекуваниот пад на температурата, дека најстрашната фаза од оваа катастрофа е завршена.