Loading Video...
Свет
31. August 2024 - 16:31

Преглед на вести од светот

Косовската полиција упаднаа во пет паралелни српски институции на северот од земјата. Косовските власти затворањто го правдаат со тоа што институциите функционирале под раководство на Белград.

Приштина исто така сака да го отвори за сообраќај мостот на реката Ибар што предизвика реакција од КФОР кој ги зголеми трупите кои го обезбедуваат мостот.

Српскиот претседател Вучиќ вели дека не може да разбере која е крајната цел на Приштина.

За него, во целата оваа ситуација има еден позитивен момент.

Акцијата на приштинските власти предизвика бурни реакции од меѓународната заедница. Соединетите Американски Држави се оградија и велат дека акцијата не било координирана со ниту еден елемент од меѓународната заедница.

-САД и нашите меѓународни партнери постојано бараат од Владата на Косово да даде приоритет на координацијата со меѓународната заедница и да не презема еднострани дејствија по прашањата од агендата на дијалогот олеснет од ЕУ. Неуспехот на Владата на Косово да одговори на овие барања одразува реално и растечко влошување на нашето партнерство, велат од американската амбасада.

ЕУ, пак, предупредува дека овие акции можат да доведат до ексалација.

-Канцелариите поддржани од Србија се очекува да бидат адресирани и решени во дијалогот олеснет од ЕУ. Очекуваме дека Косово и Србија ќе ги адресираат и решат отворените прашања меѓу нив во дијалогот олеснет од ЕУ, велат од Унијата.

Во Косово има општини, јавни претпријатија, детски градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети кои се директно финансирани од Владата на Србија, а се наоѓаат во градовите и населбите каде живее српската заедница. Според законите во Косово, овие институции се нелегални.

 

Социјалната мрежа Х, или поранешен Твитер е исклучен во Бразил. Ова доаѓа по одлука на Врховниот суд откако сопственикот, милијардерот Илон Маск не успеа да именува правен застапник во државата.

Врховен судија и Маск со месеци спореа во јавноста поради тоа што социјалната мрежа не ги почитуваше законските наредби за блокирање на одредени профили кои внатре во земјата се обвинети за ширење лажни вести и омраза.

Маск ќе треба да плати казна од речиси 3 милиони евра, а секој обид за заобиколување на забранаа со користење ВПН ќе биде казнето со 8 илјади евра.