Loading Video...
Свет
12. September 2024 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Шестмина вработени во Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА се убиени во израелски воздушен напад врз училиште со кое раководат ОН во центарот на Газа.

Училиштето, адапитрано за засолниште за околку 12 000 луѓе според генералнот секретар на ОН, Гутереш неколку пати било мета на изарелски воздушни удари во изминантите 11 месеци. Овие драматични кршења на меѓународното хуманитарно право треба да престанат веднаш, истакна  Гутереш. Израелската војска тврди дека извршила прецизен напад врз борци на Хамас кои планирале напади од училиштето и дека презела мерки за да се избегне повреда на цивилите.

Руските трупи продолжуваат да напредуваат во источна Украина тврди министесртвото за одбрана на Русија. Фокусот е освојување на градот Поквровск, важен логистички центар за украинските сили. Локалните власти во Покрвовск соопштија дека руските сили го прекинале водоснабдување и гасот во градот  и го уништиле мостот помеѓу Покровск и Мирноград.

Руското министерство за одбрана информираше и дека почнале голема контраофанзива против украинските војници  во рускиот регион Курск. Украинската армија  ја  напаѓа руската област Белгород. Погодена е железничка пруга.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен  и сектераторот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами за време на вчерашната посетата на Киев, ветија нова воена  помош за Украина. Блинкен рече и дека Вашингтот го разгледува барањето на Зеленски  да и дозволи на Украина да напаѓа воени цели подлабоко во Русија со американските проектили со долг дострел Атакмс.  

Американскиот милијардер Џаред Ајзакмен денеска стана првиот цивил кој извел вселенска прошетка, два дена откако одлета во вселената со  Фалкон 9 на СпејсИкс. Вселенската прошетка траеше околу 12 минути  а се пренесуваше во живо на веб страницата на Спејс Икс. 

Од компанијата на Илон Маск соопштија дека целата на мисијата е тестирање на ново вселеско одело. Вселенските прошетки, кои се сметаат за најризичниот дел од вселенските летови, досега ги изведуваа само професионалните астронаути.