-->
-->
Предупредување: Се продаваат Дурекс кондоми со изминат рок
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/november/gfdhgdgfhgf-85312.png?itok=pRDXg_O2)
Компанијата Меркур трејд, овластениот дистрибутер на производите на Дурекс, произведени од реномираната компанија Reckitt Benckiser ги информира потрошувачите дека во одредени продажни места низ Македонија се продаваат Дурекс кондоми со изминат рок на употреба. Овие производи на кутијата од надворешното пакување имаат регуларен датум на употреба, додека внатре, датумот на поединечно пакуваните кондоми е со изминат рок. Легалните и кондомите со исправен датум на користење можат да се препознаат по декларацијата на надворешното пакување каде што е наведено името на официјалниот дистрибутер – Меркур Трејд.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2016/november/unnamed.jpg?itok=j1zobWJ9)
„Ги предупредуваме корисниците на нашите производи да ги купуваат само оние производи кои што на пакувањето ја имаат декларацијата од Меркур Трејд. Нашите производите се со висок квалитет и секогаш е запазен рокот на употреба, затоа што од тоа директно зависи функцијата што ја имаат и заштитата што ја нудат“, изјавија од Меркур Трејд.
Reckitt Benckiser е компанија со долгогодишно реноме на производител на висококвалитетни производи и компанија што води посебна грижа за своите потрошувачи, нивните потреби и барања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет