Прецизирани активностите за проектите за функционална анализа на МЗШВ и за ефектот од субвенции
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска со раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини ги прецизираа активностите за проектот за функционална анализа на Министерството.
Со анализата ќе бидат ревидирани секторите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Конкретно, ќе биде направена ревизија на работењето на адмнистрацијата во земјоделскиот сектор којшто ги извршува стратешките и оперативните функции во Министерството и анализа на работата на органите во состав на Министерството.
Резултатите од анализата ќе се искористат за подготовка на предлог мерки со кои ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на функционирањето на ресорното Министерство.
На состанокот, како што соопшти МЗШВ, договорени се и активностите за проектот за анализа на импактот од субвенциите којшто ќе почне да се реализира од почетокот на следната година. Резултатите од оваа анализа ќе го покажат досегашниот ефект од субвенциите и ќе дадат насоки за идните планирања за финансиската поддршка за земјоделството и руралниот развој.
Министерот Николовски посочил дека оваа анализа е еден од клучните приоритети на македонската Влада, која е важна за зголемување на ефикасноста на финансиска поддршка за развој на земјоделството.
Соговорниците го разгледувале и статусот на реализација на тековните проекти од ИПА, како и планот за идните проекти финансирани од ЕУ.
Раководителот за соработка од Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини посочил дека ЕУ е отворена за соработка со МЗШВ и се согласил вакви работни средби да се одржуваат на месечно ниво во проширен состав со директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет