-->
-->
Пратениците на Српска листа се затворија во косовското Собранието каде ќе го чекаат Хан
-->
Пратениците од Српска листа влегоа во собранието на Косово во Приштина и таму ќе останат до доаѓањето на европскиот комесар, Јоханес Хан, чија посета е закажана за утре.
Тоа го рече претседателот на Кризниот штаб на Српска листа, Горан Ракиќ по состанокот на овој информативен орган.
– Нашите легитимни претставници ќе го запознаат Хан и Европа со анти-српксите потези кои водат кон хуманитарна катастрофа, рече Ракиќ.
Тој додаде дека политичките претставници на Србите во Приштина денес легитимно и демократски се борат за тоа српските деца на КиМ да имаат право на живот, храна и иднина.
– Целиот српски народ ќе биде заедно со нашите пратеници кои се борат за нашата иднина, а нивната борба значи живот, вели Ракиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница