Македонија
21. February 2024 - 21:17

Познати 6 кандидати за претседател

Се комплетира гласачкото ливче за избор на претседател на државата.. Двете најголеми партии ги открија претседателските кандидати.. ВМРО-ДПМНЕ настапува со Гордана Силјановска Дафкова, СДСМ бара втор мандат за Стево Пендаровски.. Од опозициската партија велат дека Дафкова била единствената која се пријавила на повикот за кандидат за претседател на државата..

„На јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, се пријави проф. Д-р Гордана Силјановска Дафкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократите во претседателската трка влегуваат со актуелниот шеф на државата.. Раководството на СДСМ одлучило дека Стево Пендаровски е нивниот победнички кандидат.. За одлуката наскоро ќе се разговарало во партиските тела, а биле планирани средби и со коалициските партнери..

Официјалната промоција на Пендаровски како претседателсаки кандидат партијата ја најавува за 3 март.. Ден претходно, ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе одлучува за кандидатурата на Силјановска – Дафкова..

Засега, свој кандидат нема официјализирано ДУИ, иако се поизвесно е дека тоа ќе биде Бујар Османи.. Партијата информираше дека лидерот на демократската унија за интеграција утре ќе го објави претседателскиот кандидат, а настанот партијата го најави како голема вест.. 

Во трката за претседтел влегува и актуелниот градоначланик на Карпош.. Стевчо Јакимовски како лидер на ГРОМ ќе ја бара поддршката за шеф на државата..

Свој претседателски кандидат најави и Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, а името ќе го објави утре..

Во трка за претседател се уште Билјана Ванковска која е предлог на Левица, а опозицискиот албански блок ќе трча со Арбен Тарвари.. 10 илјади потписи ќе собира и инфектологот Вело МАрковски кој прв најави кандидатура.