Позната причината за смртта на родилката од „Санте Плус“
Триесет и едногодишната родилка Дебора Џамбази починала при грешно поставање на тубусот при што оштетен е хранопроводот.
Ова укажува дека наместо во дишните патишта цевката за анестезија била ставена во погрешен орган. Ова се резултати од обдукцискиот наод за кои брифираат од истрагата која се води за починатата родилка во приватна болница при породување со царски рез пред повеќе од еден месец.
За жената која е познат стоматолог од Кичево првично се тврдеше дека настанала жестока алергиска реакција од анестезијата, но според неофицијалните информации од истрагата причината не е алергија.
Извештајот од обдукцијата уште минатата недела е предаден во обвинителството каде што веќе е отворен предмет. Но, од таму се уште не сакаат да коментираат бидејќи предметот се уште е во истрага. За можните причини за смртта веќе зборува и во лекарските кругови, но и од таму никој не сака официјално да ја потврди информацијата.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива