-->
-->
Пожар кај Отошница, над Марков манастир
-->
Утрово околу 09.30 часот во Противпожарната Бригада на Град Скопје е пријавен пожар кај местото Отошница, над Марков манастир.
За МИА командантот на Противпожарната Бригада на град Скопје Владимир Симоновски информира дека веднаш е испратено возило и пожарот во тој дел од десната страна кон Отошница е изгаснат и нема никаква опасност.
Тој појаснува дека од другата страна на Отошница има чадење, но се работи за непристапен дел како срп до кој не можат да стигнат, и може да се интервенира само од воздух, но сепак нема никаква опасност.
Според Симоновски, пожарот најверојатно е предизвикан од страна на дрвокрадачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата