Македонија
28. May 2021 - 15:12

Пожар избувна на скопска клиника

Пожар избувнал попладнево на Институтот за радиологија на Клиничкиот центар во Скопје.

Од противпожаната служба за МИА информираат дека дојавата за пожарот е примена во 13.55 минути и дека против-пожарната екипа се уште е на терен.

Оттаму додаваат дека на интервенција се пратени осум противпожарни возила со околу 15-тина пожарникари.