-->
-->
Повредено шестгодишно дете и уште пет лица во тешка сообраќајка во прилепско
-->
Вчера во 18.30 часот на патот село Крушеани-село Обршани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Прилеп и патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од село Беранци, општина Могила.
Со тешки телесни повреди се здобил М.П.(64), сопатник од возилото „Опел Астра“, а двајцата возачи и двајца сопатници М.Т.(32) и шестгодишно дете од другото возило се здобиле со телесни повреди.
Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО
-
Повреден пожарникар при гаснење на пожарот Чаир