-->
-->
Повредениот работник од „Сивец“ е надвор од животна опасност
-->
Работникот Сашо Д. кој вчера беше повреден во рудникот за мермер „Сивец“ кај Прилеп во моментов е надвор од животна опасност и е на лекување во Скопје, информира обвинителот Дамчо Кочоски при прилепското Основно обвинителство кој направи увид за случајот во рудникот.
- Сашо Д. 54 години вработен во Мармерскиот комбинат се повредил вчера околу 14.30 часот при сечење мермерски блок во рудникот „Сивец“. Едно парче паднало и го повредило во раката и главата. Работникот од прилепската биолница бил префрлен на лекување во Скопје. Според последните информации тој е надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, изјави Кочоски.
Увид на местото на несреќата направиле полицијата, јавното обвинителство, трудов инспектор и од Државниот инспекторат за рударство за да се испита во какви околности настанала несреќата.
Кочоски е категоричен дека работникот бил заштитен.
- Ако немал заштитна опрема од повредите ќе останел мртов на местото на несреќата, вели Кочоски.
Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола потврдува дека надлежните во рудникот случајот веднаш не го пријавиле во полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот
-
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата
-
Проблемите на малите општини
-
Депонијата Буково - еколошка бомба
-
Преглед на вестите од светот