Македонија
5. August 2016 - 15:46

Повреден мотоциклист од Прилеп

Мотоциклист е повреден во сообраќајка што се случила вчераутро на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, соопшти МВР.

Во незгодата, покрај Д.А. (45) од Прилеп кој возел мотоцикл „сузуки“, учествувал и  Д.И. (35) со возило „опел омега“.

Д.А. со скршени ребра е пренесен во Општата болница - Прилеп, каде му е укажана лекарска помош и е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица.