Повеќето германски работници и по пандемијата сакаат да работат од дома
Повеќето вработени во Германија сакаат да работат од дома и по завршувањето на пандемијата на новиот коронавирус, покажуваат резултатите од анкетата на Универзитетот во Констанц.
Истражувачите анкетирале 700 луѓе кои работат од дома, од кои 56 отсто одговориле дека сакаат, барем делумно, да ја задржат својата „домашна канцеларија“.
– Голем број испитаници сакаат комбинација на домашна и вистинска канцеларија, велат авторите на студијата.
Додека 25 проценти од вработените рекле дека сакаат да работат полно работно време од дома, околу 42 отсто претпочитаат да работат од канцеларијата два до три пати неделно.
Анкетата е спроведена меѓу март и мај и ја претставува германската работна сила во однос на возраста и полот.
И додека повеќето испитаници признале дека работата на далечина не може да го надомести социјалниот аспект на заедничката работа и комуникација во живо, 45 отсто сметаат дека работеле поефикасно од дома. Меѓутоа, некои се чувствувале изолирано.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани