Свет
21. July 2017 - 8:43

Повеќе од 80 лица повредени во судир меѓу полицијата и демонстрантите во Рабат

Во судир меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град на Мароко, Рабат повредени се најмалку 83 лица.

Судирот се случил за време на протестот организиран поради нееднаквоста и корупцијата во земјата. 

Протестот и покрај забраната се одржа, а интернетот со часови не работеше. Полицијата употреби солзавец за растерување на демонстрантите.