Повеќе од 4.000 летови откажани ширум светот
– Повеќе од 4.000 летови беа откажани ширум светот во текот на вчерашниот ден, повеќе од половина од американските компании, делумно поради лошите временски услови, но најмногу поради зголемувањето на инфекциите со сојот Омикрон на коронавирусот. Според FlightAware.com, вчера биле откажани 2.400 полетувања кон и од САД.
Во светот, повеќе од 11.200 летови доцнеа или беа одложени. Меѓу компаниите со најмногу откажувања се SkyWest и SouthWest, со 510 и 419 откажувања.
Божиќните и новогодишните празници кулминираа со авионски патувања, но брзото ширење на сојот Омикрон принуди многу компании да ги откажат летовите бидејќи кабинскиот екипаж е во карантин. Глобалниот воздушен сообраќај останува сериозно нарушен поради Омикрон.
Многу пилоти и членови на екипажи се надвор од работа поради инфекција со коронавирус или се во изолација поради контакт со болни луѓе. Американските власти потврдија најмалку 346.869 нови инфекции во саботата.
Кабинскиот персонал во САД не сака да работи прекувремено за време на празниците и покрај примамливите финансиски стимулации. Многумина стравуваат од инфекција со Ковид-19, велат компаниите.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст