Поведена истрага за скопјанец што произведувал марихуана во својот дом
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Како што информираат од ОЈО, осомничениот 62-годишник, во својот дом на ул. „Влае“, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал. Во еден од тоалетите во домот направил импровизирана сушара во која сушел 27 гранки со лисја и врвни делови од канабис. При претресот извршен на 3 ноември, полицијата кај него пронашла и 303 грама марихуана во неколку тегли, кутии и други пакувања кои ги чувал во домот
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка