Потешко повредени пет лица, 35 сообраќајки викендот во Скопје
Пет лица биле потешко повредени во четири од вкупно 35 сообраќајки регистрирани во текот на продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во девет сообраќајки полесно се повредени 14 лица, а во 22 е причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека продолжениов викенд сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло и шест возачи не дале првенство на минување на пешаци.
Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 36 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и 34 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 148 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор