Постхумно уште еден спот на Тоше Проески, премиера на Сител
Во недела на Сител телевизија премиерно ќе биде објавен спотот на нумерата „If you wanna leave me“ која Тоше Проески ја отпеа непосредно пред смртта.
Англискиот продуцент Енди Рајт, со кој Тоше соработуваше за албумот на англиски јазик, со поддршка на Петре Црнетиќ, кој е сопственик на загрепска музичка агенција, подготвува нов албум од необјавените материјали на македонската поп-легенда.
Новата песна е насловена како „If you wanna leave me“ и е најава за неговиот постхумен албум составен од песни кои тој ги снимил и се пронајдени во неговиот лаптоп како и оние кои се снимени во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт.
Новиот постхумен албум на Тоше „Secret Place” наскоро треба да биде објавен.
Во него се најавени уште неколку песни, меѓу кои „Light The Flame“, баладатата „Where Do I Belong“, дбе инструментални изведби на познати песни на Тоше, како и unplugged и електрчна верзија на неговите хитови.
Животот на македонската и балканската музичка ѕвезда Тоше Проески прерано згасна во трагична сообраќајна несреќа во октомври 2007 година во Хрватска.
Оттогаш постухмо се објавени неколку негови песни и снимени се спотови за нив.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија