Свет
9. јуни 2024 - 16:40

Последен ден од гласањето на изборите за Европскиот парламент

21 земја членка на Унијата денеска гласаат на последниот ден од изборите за европратеници.

Над 370 милиони европејци ќе го одредат составот на Европскиот парламент во следните 5 години.

Иако првичните резултати ќе бидат објавени доцна вечерва, првичните анкети покажуваат дека традиционалните партии од десницата и левицата, односно Европската народна партија и европските социјалдемократи треба да ги задржат водечките две места, иако со послаби резултати од досега. Вистинската трка е за третото место на кое претендира екстремната десница, на сметка на либералите и зелените партии.

Како кандидати сега сме во ситуација кога ја чекаме одлуката на гласачите. Јасно е дека на Европа и треба проевропска насока. Мораме да работиме заедно, мора да најдеме заеднички решенија и затоа се надевам дека тие кои ја одбиваат идејата за соработка на европско ниво, нема да добијат силен мандат за во иднина, вели МАНФРЕД ВЕБЕР, ЛИДЕР НА ЦЕНТРЕСКО-десничарската ЕВРОПСКА НАРОДНА ПАРТИЈА (ЕПП),

Се надевам дека на крајот ќе имаме силен зелен резултат, бидејќи тоа одлучува дали ќе продолжиме во насока за климатска неутралност и просперитет во Европската унија, и секако јасна одбрана на демократијата и слободата, тоа е она што ние Зелените се залагам за, и тоа е она што се надевам од денешните избори“, вели ТЕРИ РАЈНКЕ, КО-ЛИДЕР И ГЛАВЕН КАНДИДАТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕЛЕНИ

Изборите за ЕУ имаат посебно значење. Во следните пет години ќе се донесат многу важни одлуки во Европа и многу е важно да има силен грчки глас и силно грчко претставување во Европскиот парламент за да може Грција да се бори за онолку колку што можеме да добиеме од Европа, вели грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Резултатите од изборите на новите европратеници ќе се одразат и врз другите клучни европски институции Европската комисија, Европскиот совет и високиот претставник за заедничката надворешна политика и безбедност.

Нив ги избираат лидерите на земјите членки но од редовите на партиите кои ќе добијат најмногу гласови.

Новиот европски парламент ќе го има и последниот збор и при изборот на идниот претседател на Европската комисија, каде Урсула фон дер Лајен претендира за уште еден мандат. Целиот процес на комплетирање на европските институции се очекува да биде комплетиран кон крајот на есента.