Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување атлетска трка
Посебен соообраќаен режим е воведен денеска од 06:30 до 11:30 часот во дел од Скопје поради одржување на атлетска трка.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираат дека поради атлетската трка „Зегин Аеродром Ран“ во посочениот временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.
Стартно - целната позиција на трката е од булеварот „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“, дел од улицата „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), потегот од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“ како и дел од булеварот „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“ и булеварот „Србија“ се до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците.
Ново на Сител
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија