Поранешниот перуански претседател Кучински доби забрана за напуштање на земјата
Перуански суд синоќа му забрани на поранешниот претседател на Перу, Педро Пабло Кучински да ја напушта земјата во следните 18 месеци, во кој период се очекува да заврши истрагата против него во врска со сомнежите за примање поткуп.
Кучински поднесе оставка во средата, еден ден пред закажаното гласање во Конгресот за процедура за негово отповикување. - За доброто на државата поднесувам оставка на функцијата претседател на Републиката, нагласи Кучински.
Против него се води истрага под сомнеж дека неговата консултантска фирма пред десетина години примила 782.000 долари од бразилскиот градежен гигант „Одерберхт“. Дел од тие средства биле уплатени во време кога Кучински беше перуански министер за економија и финансии, што ги поттикна сомнежите дека станува збор за корупција.
Кучински отфрла каква и да било злоупотреба на власта од негова страна и нагласи дека е подготвен на целосна сорабтока со истражните органи.
Ново на Сител
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос