Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Белград
Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе ја предводи македонската делегација на 22-от министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи денеска и утре во Белград, Србија.
Министрите за надворешни работи на состанокот ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на српското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко - воената, економско - еколошката и хуманата димензија.
Министерот Попоски во своето обраќање на министерскиот совет ќе ги претстави ставовите на Република Македонија.
На маргините на Советот, Попоски ќе оствари и поголем број на билатерални средби со своите хомолози.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет