Свет
20. July 2021 - 18:53

Поплави во централниот дел на Кина | ВИДЕО

Невообичаениот обилен дожд предизвика поплави во централниот дел на Кина.

Надојдената вода го поплави метрото во градот Џенгџоу. Луѓето се заробени во метрото во вода до појас. Автомобили пливаат на поплавените улици.

Храмот Шаолин, познат по боречките вештини на будистиките монаси е оштетен во поплавите.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви.