Поплава во jугозападна Романија, објавено црвено ниво на тревога поради невреме
Црвено ниво на тревога за силен дожд, невреме и ризик од поплави е на сила за цела Југозападна Романија. Во округот Дол поплавата веќе однесе десетици домаќинства. Евакуирани се 60 лица. Куќите за неколку минути се наполниле со вода, пренесува Диџи24. На места водата достигнува два метри.
Спасувачките екипи извлекоа маж заробен меѓу два потока. „Луѓето се апсолутно уништени. Некои од нив се многу стари и немаат каде да одат“, пишуваат локалните медиуми.
Поради сложената ситуација, вонреден состанок одржа комисијата за вонредни ситуации при Министерството за животна средина, води и шуми.
„Сакам максимална мобилизација за да нема жртви во поплавите, повика ресорниот министер Мирча Фичет.
Црвеното ниво на тревога е на сила за окрузите Мехединци, Караш Северин, планинскиот регион на окрузите Горж и Хунедоара. Обилните врнежи се очекува да продолжат и во текот на викендот, предупредуваат метеоролозите.
Ново на Сител
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема