-->
-->
Попладнево во Велес и велешко две сообраќајки
-->
Попладнево на улица „Димитар Влахов“ во Велес во сообраќајка повредено е 21 годишно момче во директен судар на автомобил и мотор, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Поради сериозноста на повредите, со возило на Итната помош повредениот бил транспортиран во Хирушкото одделение во Општа болница во Велес.
Пред еден час на патот Каратманово-Лозово, се случила уште една сообраќајка од која во моментов екипа на Брза помош од Велес и пожарникари од ТППЕ Велес извлекуваат возило паднато во дол. Според првичните информации во несреќата нема жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024