-->
-->
Попај лажел: Спанаќот не е така богат со железо
-->
Спанаќот, лиснат зелен зеленчук, кој децата често се принудувани да го јадат, не е така богат со железо како што досега се веруваше, тврдат германские научници.
- Тоа е една од најпознатите нутриционистички грешки, вели Хелга Струбе од Германскиот Сојуз на нутриционисти, а плод е на „типфелер“ од 19-от век.
Во текстот за количеството железо во спанаќот, некој тогаш погрешно евидентирал дека на секои сто грама во тој вид зеленчук има од 35 до 40 милиграма.
- Точниот податок е 3,5 до 4 милиграма, вели Струбен, дополнувајќи дека тоа не е ни приближно доволно за да се има мускули како оние на Попај.
Истовремено железото од растенија како што е спанаќот не е лесно искористиво во организмот како она од месото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица