Помпео: Русија, Иран и Кина го дестабилизираат меѓународиот систем
Тој посочи дека е среќен поради претераните наводи за „смртта“ на трансатлантскиот сојуз.
– Западот победува и ние заедно победуваме, изјави Помпео.
Помпео наведе и дека Русија, Иран и Кина го дестабилизираат меѓународиот систем и оти преку кибер активностите се обидуваат да го прошират своето влијание.
– Хуавеј и другите кинески технолошки компании се тројански коњ на кинеските разузнавачки служби, руските компании за дезинформација се обидуваат да ги свртат нашите граѓани едни против други, а иранските кибер напади им наштетуваат на компјутерските мрежи на Блиски Исток, истакна Помпео.
Организаторите на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција, што почна вчера, во прв план ја истакна темата „Недостаток на значењето на Западот“ (Westlessness). Бриселскиот портал „Политико“ истакна дека изразот потекнува од Монти Пајтон за Западот.
Додека британскиот весник „Економист“ наведе дека на Конференцијата е „раширеното чувство на непријатност и немир поради се поголемата неизвесност за трајната цел на Западот“.
– Америка и Европа продолжуваат да страдаат поради своите трговски спорови, Иран и израелско-палестинските судири, додека тензиите помеѓу НАТО сојузниците, Франција и Турција растат во источниот дел на Средоземно Море. Заканата од Кина доби ново значење за Западот откако коронавирусот од Вухан зарази десетици луѓе ширум Европа, посочи „Економист“.
Додека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер при вчерашното обраќање на Минхенска безбедносна конференција индиректно го нападна својот американски колега Доналд Трамп обвинувајќи ги САД, Кина и Русија дека разгоруваат глобална недоверба и несигурност со „своите натпревари како големи сили“, со скриена закана за можна нова трка во нуклеарното вооружување.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг