-->
-->
Помалку родени и умрени во второто тромесечие
-->
Во второто тримесечје од годинава во Македонија се регистрирани за 7,2 проценти помалку живородени деца во споредба во истиот период мината година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на живородените деца во второто тримесечје годинава изнесува 5.205.
Според ДЗС, намалување во истиот период бележи и бројот на умрените лица и тоа од 6.1% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4.544 лицa, а од нив 54 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 661 лицe, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот