Политико: Нетанјаху побара средба со Трамп за да обезбеди поддршка за војната во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал средба со поранешниот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на САД оваа недела за да ја обезбеди неговата поддршка за политиката на Израел кон Газа и Западниот Брег, изјавија два неименувани извори за Политико.
Тимовите на Нетанјаху и Трамп во последните денови разговараа за можноста двајцата лидери да се сретнат лице в лице, потенцијално во Флорида.
Трамп допрва треба да се согласи на состанок, но исто така не ја отфрли целосно идејата, велат изворите.
Трамп во 2017 година официјално го призна Ерусалим за главен град, додека следната година таму ја пресели американската амбасада.
Политико наведува дека во изминатите неколку години имало тензии меѓу двајцата лидери, особено откако Нетанјаху му честитал на Бајден по изборите во 2020 година.
Поранешниот претседател го осуди Нетанјаху за неуспехот на израелските разузнавачки служби на 7 октомври.
Ново на Сител
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР
-
Од среда побилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни
-
Штип: Излетаа два автомобили - Повредени четири лица
-
Еврокомесарот Бретон поднесе оставка
-
Игор Стефановски – Иџе победи во својата група на Европскиот шампионат во ридски патеки
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме