Loading Video...
Свет
15. September 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Едно лице се удавило во поплавата во Полска по налетот на бурата Борис која веќе неколку дена се движи низ централна и источна Европа.
Силното невреме вчера зема 4 жртви и на југоистокот на Романија а на северот на Чешка повеќе од 50.000 семејства останаа без електрична енергија

Светските медиуми јавуваат дека Дунав веќе се излеал во одредени делови на австриската престолнина Виена а во Будимпешта прогласено е највисоко ниво на тревога поради можни поплави. Во Прага, пожарникарите веќе неколку дена го оградуваат кејот на надојдената Влтава.

Осум лица загинаа во текот на ноќта обидувајќи се да го преминат Ла Манш, каналот што ги дели Франција и Англија, соопшти француската полиција.

Спасувачките служби утринава околу 01:00 часот добиле дојава дека бродот е во неволја во водите северно од Булоњ на Мору.

Инцидентот се случи седум дена откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една бремена жена, загинаа кога брод со мигранти потона во близина на брегот на Франција.

Француските поморски служби соопштија дека во периодот од петок до сабота се спасени околу 200 луѓе.

Српската Влада му наложи на надлежното минситерство за одбрана да почне постапка за враќање на воениот рок.

Воениот рок во Србија ќе трае 75 дена. Премиерот вели дека тоа нема да го наруши процесот на образование на младите, а оние кои се веќе стручни во одредена техничка област, нивното знаење ќе го користат капацитетите на српската армија.